Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека имал одредени проблеми со првичниот одговор на разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на земјата, но дека сега се работи подобро.
За време на посетата на провинцијата Кахраманмарас, во близина на епицентарот на земјотресот, Ердоган ги призна проблемите со патиштата и аеродромите и истакна дека ситуацијата сега е подобра, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Турција им порача на граѓаните исклучиво да ги слушаат информациите што ги добиваат од властите и да ги игнорираат „провокаторите“.
Ниту еден наш граѓанин нема да остане на улица, рече Ердоган, пренесе АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.