Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави по враќањето од Сочи дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубли.
Позитивниот аспект на нашата посета на Сочи е договорот со господинот (претседателот на Русија Владимир) Путин за плаќање во рубли“, им кажа Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи, каде се сретна со рускиот колега.
Двајцата лидери се договорија испораките на руски гас на Турција да бидат „делумно платени во рубли, соопшти синоќа потпретседателот на руската влада Александар Новак.
Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубли.
Русија со месеци се труди да ја наметне својата валута за плаќање на гасот поради санкциите кои ѝ ги воведоа западните земји поради инвазијата на Украина.
Иако брзо ја осуди руската офанзива, Турција се определи за неутралност и не се придружи на западните санкции на Москва.
Во 2021 година Русија давала околу четврт од увезената нафта во Турција и 45 отсто од природниот гас.
Ердоган и Путин во Сочи договорија и јакнење на енергетската и економската соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.