Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција да престане да ги вооружува островите во Егејското Море и да ги почитува меѓународните договори.

Грција треба да „избегнува соништа, изјави и постапки за кои може да зажали“, рече Ердоган за време на воени вежби на западниот брег на Турција, во кои учествуваат и воени сојузници на турската армија.

Приберете се. Не се шегувам, рече Ердоган во изјавата упатена до Атина, посочувајќи дека Грција спроведува вежби и армиски маневри на армијата, со учество на единици на НАТО и на трети држави на острови што немаат воен статус.

Таквите потези „би можеле да имаат катастрофални последици“, предупреди Ердоган, додавајќи дека Турција нема да се воздржи од преземање активности според меѓународните договори, без притоа да го дообјасни својот стгав.

Милитаризацијата на грчките острови на истокот на Егејското Море е забранета со Договорот од Лозана од 1923 и Парискиот договор од 1947 година.

Атина тврди дека војниците биле распоредени за заштита од бродови што доаѓаат од западниот брег на Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.