Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека украинските сили подготвуваат нова провокација со цел да ја обвинат Русија за наводни злосторства.

Таа обелодени дека Украинците подготвуваат провокација, планираат да кренат во воздух резервоари со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк и притоа да ги задржат работниците и цивилите на територијата на индустрискиот комплекс.

Да видиме што навистина се подготвува. Се подготвува уште една провокација на украинските војници, а тоа е минирање на резервоари со отровни хемикалии во фабриката „Азот“ во Северодонецк на територијата на Луганската Народна Република и затворање на повеќе од 1.000 фабрички работници и локални жители во нејзините подземни објекти – изјави Захарова.

Таа додаде дека украинските сили продолжуваат со гранатирање на населените места во Донбас, распоредуваат огнени позиции во станбени згради и користат цивили како жив штит.

Сите овие воени злосторства се регистрирани од истражните органи на Република Русија и републиките во Донбас. Тие ќе бидат детално истражени, а сторителите ќе бидат казнети – изјави Захарова.

Таа истакна дека оваа тактика на користење жив штит станала „визит-карта на украинските сили“.

Захарова порача и дека официјална Москва ќе одговори на одлуката на Франција да забрани некои руски телевизиски канали.

Министерството за надворешни работи ќе реагира на таквите дејствија и ќе следи одговор – изјави Захарова пред новинарите, без да даде повеќе детали, пренесува „Ројтерс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.