Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди јужна Турција, Либан и Сирија.

Нашите спасувачки екипи веднаш беа испратени во подрачјата погодени од земјотресот. Нашите институции веднаш почнаа со работа. Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала можна штета, порача Ердоган на Твитер.

Според првичните информации, досега загинале најмалку 300 лица, а речиси 2.000 се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.