Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека земјата прави интензивни напори да го зголеми притисокот врз Израел да ја спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа.
Вчера го испративме осмиот хуманитарен брод во Египет со 125.000 пакети со храна кои треба да бидат доставени во Газа. Правиме се што можеме, толку колку што ни дозволуваат средствата, за да не оставиме никого без потребните намирници, истакна Ердоган
Тој посочи дека Турција ќе продолжи да им помага на Палестинците.
Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, својата окупирана земја и својата независна држава со источен Ерусалим како главен град. Турција се обидува да го помине тестот во Газа, како што го помина тестот за Сирија, тестот за Сомалија, тестот за Карабах со успех, рече Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.