Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издал указ до владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот чвор“ во Турција.

Турските медиуми објавуваат дека изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа.

Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат – изјави Ердоган при враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.

За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас.

Тој изјавил и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската Унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.