Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул.
Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат – истакна Ердоган.
Тој додаде дека „земјите како нас, што се соседи во кризни подрачја, имаат најголем товар кога се во прашање миграцијата и бегалците, а не развиени општества што само го креваат гласот“.
Според Ердоган, оние кои прифатиле неколку стотици бегалци и ги користат како рекламен материјал, не преземаат никаква одговорност пред сè поголемата хуманитарна криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.