Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша Протоколот за прием на Шведска во НАТО. Тој го испрати потпишаниот протокол до Големото национално собрание на Република Турција на ратификација.
Ова го соопшти Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Турција.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 23 октомври 2023 година го потпиша Протоколот за прием на Шведска во НАТО и го проследи до Големото национално собрание на Република Турција. – се наведува во соопштението.
Турција се согласи да и дозволи на Шведска да се приклучи на НАТО по разговорите зад затворени врати меѓу шефот на НАТО Јенс Столтенберг и лидерите на двете земји пред самитот на НАТО во Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.