Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика својот руски колега Владимир Путин во средата, 2 август, да не ги ескалира дополнително тензиите.

Молбата за прекин на понатамошните ескалации дојде откако Москва бомбардираше објекти од витално значење за испорака на жито од Украина, пишува Киев пост.

Ердоган беше клучен играч во сега пропаднатиот договор што им овозможи на украинските пратки со жито безбедно да минуваат низ Црното Море и се позиционираше како посредник во конфликтот.

Турскиот лидер рече дека „не треба да се преземат чекори кои би ги ескалирале тензиите во војната меѓу Русија и Украина“.

Тој ја истакна важноста на договорот за житото, кој го нарече „мост за мир“, пишува Киев пост.

Договорот, со посредство на Турција и Обединетите нации, и овозможи на Украина да извезува жито преку нејзините пристаништа на Црното Море, но тој заврши минатиот месец откако Москва се повлече од него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.