Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван останале без струја по ненадејното исклучување на една електрана.

Погодени биле домаќинствата на целиот островот, вклучително и 490.000 во главниот град Тајпеј. Се известува дека околу 70 отсто од погодените домаќинства веќе повторно имаат струја.

Тајванската претседателла Цај Ингвен се извини за непријатностите предизвикани на граѓаните и изјави дека е потребна брза истрага за причините за прекинот.

Централата, која е привремено запре со работа, се наоѓа во јужниот дел на Тајван, соопшти тајванската влада. Портпаролот на владата информира дека таа всушност продолжила да работи со капацитет од околу 24 отсто, но тешкотиите во нејзината работа довеле до проблеми со преносот и дистрибуцијата на електрична енергија во централен и северен Тајван. Портпаролот нагласи дека овој случај ја истакнува ранливоста на преносот на електрична енергија од јужен кон северен Тајван.

Неопходно е час поскоро да се заврши изградбата на терминалот за течен природен гас во северниот дел на Тајван – изјави портпаролот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.