Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (спонзорства) потребни за учество на изборите во април.

Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави „Ле Монд“.

Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори.

Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително помал од оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура.

Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, што е закажан за 10 април. Ле Пен би можела да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.