Најмалку седум лица се повредени во експлозија во јапонски ресторан во градот Тарагона во североисточна Шпанија, соопштија денеска официјални лица.

Градоначалникот на Тарагона, Пау Рикома изјави дека експлозијата, која најверојатно била предизвикана од гас, се случила денеска околу 16 часот по локално време кога ресторанот бил затворен, пренесе Ројтерс.

Две лица кои минувале се повредени“, изјави Рикома за локалните медиуми.

Тој додаде дека вкупно седум лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба и дека сите се пренесени во болница.

„Не е јасно што ја предизвикало експлозијата, но речиси е сигурно дека се работи за гас“, рече Рикома.

Регионалната полиција на Каталонија отвори истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.