Голема експлозија ја потресе областа Краснодар во јужна Русија, во близина на воздухопловна база.

Како што пренесува Aл Џазира Балканс, сликите на платформата за пораки Телеграм покажуваат голем кратер во градот Приморски-Ахтарск и облак од чад.

Градоначалникот на Краснодар, Вениамин Кондратиев изјави дека инцидентот се истражува и дека нема жртви.

Краснодар излегува на брегот на Азовското Море и е блиску до Крим, кој Русија незаконски го анектираше од Украина во 2014 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.