Во експлозија што се случила во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, утрово околу 6:30 часот тешко е повреден еден маж.
„Повредениот мораше да биде префрлен во болница со спасувачки хеликоптер“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе Билд. Тој, меѓу другото, има тешки изгореници на рацете и лицето, но се уште е нејасно како дошло до експлозијата. Локалната водителка на WMW радио Леа Паслик била сведок на инцидентот.
„Сè се случи многу брзо, рече таа.
„Имаше силен тресок. Голем број соседи се појавија на прозорците и излегоа на улица. И тогаш видовме човек кој гореше, а на кого, се разбира, веднаш му беше укажана помош. Набрзо пристигнаа многу пожарникари и полиција“, рече таа.
Полицијата го опколи просторот пред станбената зграда, а истрагата ја презеде одделението за криминалистичка истрага. Според првите информации, столарот Стефан С.(58) излегол од куќата за да го прошета своето куче, потоа видел пакет до автомобилот Форд и посегнал по него. Одеднаш дошло до експлозија.
„Тоа беше бомба“, му рекол подоцна на соседот кој му притрчал на помош со вода и ќебиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.