Европската комисија даде зелено светло за нова вакцина на европскиот пазар, произведенa од Санофи и ГСК, јави дописничката на МИА од Брисел.
Вакцината на Санофи и ГСК е базирана на протеин и од сега има дозвола за влез на пазарот на ЕУ како бустер-доза во борбата против коронавирусот.
Европската комисија, врз основа на научното мислење на Европската агенција за лекови (ЕМА), оцени дека оваа седма одобрена вакцина може да се користи како бустер доза кај возрасни лица.
ЕМА ја смета вакцината за безбедна, сигурна и квалитетна.
Согласно договорот склучен од страна на Европската комисија со фармацевтските компании, земјите членки ќе можат да набават 300 илјади дози од оваа вакцина доколку сакаат. Можат исто така да ги набават за да ги дистрибуираат на земји со низок и среден приход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.