Европската комисија денеска оцени дека Франција, Белгија, Хрватска и Финска „ризикуваат да не бидат во согласност со препораките за буџетот на ЕУ“ за следната година, поради прекумерната јавна потрошувачка.
Тие четири земји се повикани да ги „преземат неопходните мерки“ за да се усогласат со европските ограничувања, изјави денеска комесарот за економија Паоло Џентилони.
ЕК денеска го соопшти своето мислење за предлог-буџетот за 2024 година.
Француското Министерство за финансии, пак, објави дека буџетот е усогласен со намалувањето на јавниот дефицит, кој се очекува на 4,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Тој дефицит мора да се намали на три проценти од 2027 година, што е граница поставена со Пактот за стабилност, буџетскиот договор на земјите од еврозоната.
Во еврозоната, ниту еден нацрт-буџет за 2024 година не претставува „сериозен ризик“ од непочитување на Пактот, нагласува ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.