Египетската војска соопшти дека има „лесно повредени“, без да го прецизира бројот, откако израелската армија соопшти дека еден од нејзините тенкови „по грешка“ погодил египетска позиција на границата меѓу двете земји.

„За време на тековните борби во Појасот Газа во неделата, египетска контролна кула беше погодена од шрапнел од граната испукана по грешка од израелски тенк, предизвикувајќи полесни повреди на припадниците на граничните контролни сили“, изјави портпаролот на египетската армија.

„Израелската страна изрази жалење веднаш по овој ненамерен инцидент, а истрагата е во тек“, додаде тој.


МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.