Египет повика на прекин на огнот во Газа и предупреди на можноста за проширување на конфликтот во регионална војна.
Изјавата ја даде египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Прекинот на огнот во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави, бидејќи тоа е основен гарант за стабилноста во регионот. Дојде време да се стави крај на оваа војна и да се пристапи со мудрост, почитувајќи го јазикот на мирот и дипломатијата, изјави Сиси за време на нивната средба во Каиро.
Тој нагласи дека сите страни мора да бидат свесни за „опасноста од проширување на конфликтот на регионално ниво“.
Блинкен беше во египетската престолнина со цел да ги разгледа можностите за напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на затворениците, кои се планираат за подоцна оваа недела, иако остануваат значителни несогласувања.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на роднините на киднапираните во Газа дека не е „сигурен“ дали ќе има прекин на огнот, пренесува израелскиот портал „Вала“.
Не сум сигурен дека ќе има договор, но ако има, тој ќе биде таков што ќе ги зачува стратешките интереси на Израел“, изјавил Нетанјаху на средбата со роднините на лицата кои палестинската групација Хамас ги киднапираше од Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.