Едно лице загина, а 19 се повредени во масовно пукање што се случи утринава во југозападното предградие Виловбрук, во Чикаго, јавуваат локалните медиуми.

Престрелката се случи за време на прославата на Џунити, национален празник во САД кој го одбележува ослободувањето на афро-американските робови во 19 век.

Полицијата извести дека пукањето се случило половина час по полноќ, кога на паркингот во ова предградие на Чикаго се собрала толпа млади луѓе, пренесува NBC News.

Сведоците велат дека од 20 до 30 истрели биле испукани во толпата од над 200 тинејџери и млади луѓе.

Возраста и состојбата на жртвите не се познати. Нема информации за можен мотив.

Никој сè уште не е во притвор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.