Единствената болница за лекување болни од рак во Појасот Газа престана да работи откако остана без гориво, соопштија денеска здравствените власти.
Директорот на болницата за турско-палестинско пријателство, Субхи Скаик, на прес-конференцијата што ја пренесува телевизијата Ал Џезира изјави дека болницата, во која главно се сместени болните од рак, останала без гориво и сега не работи.
Тој апелираше до светот да не ги остава болните од рак на „сигурна смрт“, бидејќи болницата не работи.
Палестинскиот министер за здравство Маи ал-Каила ги потврди овие наводи и истакна дека 16 од 35 болници во Појасот Газа моментално не работат.
Животите на 70 болни од рак во болницата се во сериозна опасност, предупреди таа.
Министерката изјави дека во Појасот Газа има околу 2.000 болни од рак кои живеат во, како што рече, „катастрофални здравствени услови“ по израелскиот напад на Појасот Газа и раселувањето на голем број луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.