Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар.
„Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку „твитер“, кој инаку е во државна посета на Ангола.
Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“.
Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија „ТФМ“ изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедиајта е краток спој во електричната инсталација на објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.