Едно лице загинало, а еден полицаец е тешко повреден во пожар во бегалски центар во северниот германски град Бухолц, во близина на Хамбург.

Полицаецот и вработен во бегалскиот центар се здобиле со тешки изгореници, соопшти портпаролот на противпожарната бригада.

Повредена е и една полицајка.

Во зградата е пронајдено тело, но идентитетот на починатиот се уште не е познат.

Бегалците во центарот се сместени во 48 контејнери адаптирани за привремено сместување на барателите на азил во Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.