Едно лице загина, а девет се повредени кога пукнала цевка со врела вода во трговскиот центар „Сезони“ во Москва.

Спасувачките екипи трагаат по едно лице за кое се верува дека е заробено од излеаната топла вода на еден од катовите во трговскиот центар, јави ТАСС..

Руските спасувачки служби не ја исклучуваат можноста бројот на повредени да се зголеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.