Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, во интевјуто за „Скај њуз“ изјави дека не верува оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Ваквиот став на Џонсон доаѓа откако во западните медиуми се појавија сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку руските сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно заземената територија.

Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа. Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната – порача Џонсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.