Поранешниот премиер Борис Џонсон за Sky News го спореди рускиот претседател Владимир Путин со претседателот, Слободан Милошевиќ. Тој рече дека Путин направил „катастрофална грешка“ кога решил да ја нападне Украина.

„Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој фундаментално погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ за Косово“, рече Џонсон.

Милошевиќ веруваше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српскиот народ. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и потеклото на православната вера“, рече поранешниот британски премиер.

Тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, со свои амбиции и судбина. Тој направи фундаментална грешка“, рече Џонсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.