Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе ја послуша пораката на гласачите, но и дека ќе „продолжи“ понатаму, откако неговата Конзервативна партија изгуби две пратенички места, по поразот во две изборни единици на вонредните парламентарни избори.

Џонсон вети дека ќе направи повеќе кога станува збор за решавање на кризата со животни трошоци и дека ќе ги послуша загрижените граѓани.

Мислам дека како Влада, мораме да го послушаме тоа што луѓето го зборуваат, особено за потешкотиите со што се соочуваат околу животните трошоци, што мислам дека за најголем дел од нив, е првенствено прашање – истакна Џонсон.

Според британскиот премиер, Владата мора да препознае што уште може да се направи, а уверува и дека ќе продолжи да се „занимава со грижите на луѓето додека поминуваат низ овој тежок период.

Оливер Дауден, претседател на Конзервативната партија на Џонсон, денеска поднесе оставка, со образложение дека не може да продолжи како вообичаено, по два пораза за партијата на вонредни гласања и оти некој мора да преземе одговорност.

Вонредните избори беа предизвикани од оставки на конзервативни пратеници. Еден призна дека гледал порнографија во Парламентот, а друг е прогласен за виновен за сексуално злоставување тинејџери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.