Врховниот суд на Народна Република Доњецк осуди двајца државјани на Велика Британија и еден државјанин на Мароко, кои се бореле на страната на украинските милитанти, на смртна казна , јавува дописникот на РИА Новости од судницата.

Мароканскиот државјанин Садун Брахим и британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер се осудени на смртна казна, според пресудата на Врховниот суд на ДНР. Според законите на републиката, осудените ќе бидат стрелани.

Во средата, Пинер и Аслин и Брахим се изјаснија за виновни за дејствија за преземање на власта со сила. Соодветниот член од Кривичниот законик на ДНР предвидува смртна казна. Аслин ја призна вината и според членот „Учество во извршување терористички активности“.

Истрагата утврди дека странски платеници учествувале во вооружената агресија на Украина за насилно преземање на власта во ДНР за награда.

Британската влада е длабоко загрижена поради смртните казни за Ејден Ајслин и Шон Пинер, кои беа заробени додека се бореле на украинска страна, соопшти кабинетот на британскиот премиер, Борис Џонсон.

Во соопштение за медиумите, портпаролот на Џонсон истакна: „Ние сме длабоко загрижени по однос на ова прашање. Како што кажавме претходно, воените заробеници не треба да се користат за политички цели“.

Според Женевската конвенција, борците имаат право на имунитет, што значи дека не треба да им се суди за учество во војната, порача портпаролот на Џонсон.

Ќе продолжиме да соработуваме со украинските власти и ќе се обидеме да обезбедиме ослободување на британските државјани кои служеле во украинските вооружени сили, а кои сега се воени заробеници, заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.