Две лица се убиени, а најмалку 28 други се повредени во масовно пукање во градот Балтимор во американската сојузна држава Мериленд, соопшти тамошната полиција.
Во нападот загинаа тинејџерка на 18-годишна возраст и момче на возраст од 20 години.
Девет лица се префрлени во болница од страна на итната помош, додека 20 повредени пеш отишле во околните здравствени установи. Тројца од повредените се во критична состојба.
Пукањето се случило нешто по полноќ по локално време во кварт во Балтимор каде што во моментот биле собрани стотици луѓе на настан наречен „Ден на Бруклин“ кој се одржувал секоја година.
Очевидци на настанот велат дека се слушнале 20 до 30 истрели.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство и дека засега не е познат мотивот за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.