Две лица загинаа, а едно е рането кога маж денеска пукал во група луѓе во градот Сион во Швајцарија, соопшти локалната полиција, додавајќи дека се уште трага по напаѓачот.

Кантоналната полиција на југозападот на Швајцарија соопшти дека според првите сознанија, сторителот ги познавал своите жртви.

Според полицијата, нешто пред 8 часот, лице кое се уште не е идентификувано пукало во неколку лица во Сион. Како што се додава, засега не се познати неговите мотиви.

Полицијата соопшти дека ангажирала голем број лица за приведување на сторителот на нападот, а кантоналното обвинителство отвори истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.