Најмалку две лица загинале во силна бура во Холандија. Врз едно лице паднало дрво во Амстердам, додека во Диемен на истокот на Холандија загинала жена откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил.
Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Откорнати се дрвја, уништени покриви и превртени се камиони. Се урна и покрив на фудбалски стадион во Хаг.
Холандскиот железнички и јавниот превоз е во прекин, а училиштата и центрите за тестирање и вакцинација се затворени. Екстремните временски услови предизвикаа откажувања и одложувања на летовите на аеродромот Схипол во Амстердам.
Метеоролошката служба издаде највисоко, црвено ниво на тревога, за крајбрежните провинции на запад и големи области на север до вечер. Тие предупредија на „опасни ситуации“ поради силните налети на ветар до 130 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.