При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти.

Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1.30 часот по локално време.

Како што тој појасни, полицајците, кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица бегале.

Убиени се едно машко и едно женско лице, а еден од ранетите е во критична состојба.

Полицијата е во потрага по осомничените.

Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е утврден мотивот за пукањето. Но, истражителите веруваат дека мета била една од жртвите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.