Шпанскиот премиер Педро Санчез е позитивен на коронавирусот и ги откажа настаните од неговата програма.
Ова се случи два дена откако Санчез се врати од Њујорк, каде заедно со шефовите на држави и влади на многу други земји учествуваше на 77-та годишна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Утрово имав позитивен тест за ковид-19, напиша шпанскиот премиер на Твитер.
Тој најави дека нема да присуствува на настан во близина на Барселона организиран од каталонските социјалисти.
Ќе продолжам да работам и ќе преземам екстремни мерки на претпазливост, додаде Санчез.
Тој не прецизираше како се чувствува и колку време нема да присуствува на состаноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.