Двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои летаа се судрија над Гвидонија Монтечелио, на речиси 35 километри североисточно од Рим.
Едниот од лесните авиони се урна на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица. Други повредени нема, јавуваат италијанските медиуми.
Полицијата и итната помош биле испратени на местото на настанот. Според првичните информации, во несреќата учествувале два стари воени авиона.
Двата ултралесни авиона „У-208“ му припаѓаат на 60-тото крило на италијанските воздухопловни сили. Како што се дознава, еден од двата авиона, користени за обука, удрил во автомобил паркиран недалеку од некои куќи, а другото возило паднало на ливада.
#Italy #italien #planecrash #Rome
Two Italian Air Force training planes collided near Rome, both pilots died pic.twitter.com/93YIImgPkS— 𝕽𝖔𝖓𝖎𝖓 🔞 (@oldirtyronin) March 7, 2023
Авионите летале како дел од однапред испланирана мисија за обука, а причината за несреќата сè уште не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.