Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека политиката на Унгарија кон Русија „скапо ќе ја чини“ Будимпешта.
Тој посочи дека не го разбира ставот на премиерот Виктор Орбан во однос на актуелната ситуација во Украина, пренесе РИА Новости. Полскиот лидер смета дека Орбан се нашол во тешка позиција поради енергетската зависност на Будимпешта од Москва.
Дуда заклучил дека со тоа се соочиле и другите европски земји, но тоа не ги спречило да префрлат оружје во Киев.
Претходно, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да дозволи испорака на оружје за Украина преку нејзина територија и покрај барањата на претседателот Володимир Зеленски, бидејќи тоа ќе ги загрози животот и безбедноста на Унгарците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.