Дрон се урна и во Романија. Станува збор за повеќенаменски авион за надзор и собирање разузнавачки информации, развиен од руската компанија Специјален технолошки центар, а се користи во различни мисии.
Само пет дена откако се урна дрон во Хрватска, истиот инцидент денеска се случи и во Романија.
Дронот од руско производство се урна во Романија, а според првите информации се работи за дрон Орлан-10.
Маж од општина Думитра го пронашол леталото во близина на неговата куќа, по што е отворена официјална истрага.
Орлан-10 е беспилотно летало за надзор и собирање разузнавачки информации, пренесува Defenceromania.ro.
Станува збор за повеќенаменски авион развиен од Специјалниот технолошки центар, а наменет е за различни мисии како што се воздушно извидување, набљудување, следење, пребарување и спасување, борбена обука, пречки, откривање радио сигнал и следење цели на тешко достапни области.
Има распон на крилата од 3,1 метри и може да тежи од 12,5 до 16,5 килограми. Лансирањето е направено со помош на склоплив катапулт, а слетува со помош на систем за падобран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.