Франција почна „операција за брза евакуација“ на своите граѓани и дипломатскиот персонал од Судан, каде [to борбите меѓу силите на двата ривалски судански команданти влегоа во втората недела, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Претходно i американски сили за специјални операции, користејќи хеликоптери за помалку од еден час извршиle евакуација на Американската амбасада во Картум, главниот град на Судан.
Француското министерство соопшти дека европските граѓани од „сојузничките партнерски земји“ исто така ќе бидат евакуирани како дел од нивната операција, не наведувајќи дополнителни детали.
Според еден дипломатски извор, суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка, против кои се борат, дале „безбедносни гаранции“ за операцијата.
Француското Министерство соопшти дека во Судан живеат околу 250 француски државјани.
Првата голема операција за евакуација на цивили од почетокот на борбите ја најави Саудиска Арабија, која врати во земјата 91 нејзин државјанин и 66 државјани на други земји.
Во последните неколку дена, САД, Јужна Кореја и Јапонија распоредија сили во соседните земји, а Европската унија најави дека сака да преземе слични мерки за да организира евакуација на своите дипломати и граѓани од Судан.
Според Светската здравствена организација, досега во судирите во Судан загинале повеќе од 420 луѓе, а 3.700 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.