Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов организирале бекство и зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските медиуми.
Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои зедоа двајца припадници на затворскиот персонал како заложници, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да си заминат“ – соопштија руските служби за итни случаи.
Според овие информации, група од шестмина затвореници кои зеле двајца вработени како заложници во затворот, бараат да им се обезбеди излез од истражниот затвор.
Тие тврдат дека се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација. Затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети.
Руските медиуми, повикувајќи се на упатен извор, наведуваат дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор во Ростовскаја биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.
Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.