Вистинската драма се одвивала во понеделникот во болница во областа Хамбург во Хајмфелд. Мајката била со детето на педијатриски преглед кога во ординација и пришла Бугарка (18) која го земала бебето и побегнала од клиниката.

Билд пишува дека девојката која ја глумела докторката и кажала на жената дека и паднала нешто на информативното биро и дека ќе се грижи за бебето. Неколку моменти подоцна жената открила дека и го нема бебето.

Засега не се знае дали мајката на детето и 18-годишната девојка се познаваат, а Билд пишува дека пред болницата се собрале две групи многудетни семејства, наводно околу 40 луѓе. Целата ситуација морала да ја смири полицијата бидејќи луѓето меѓусебно се обвинувале за киднапирање.

По неполни два часа, жената се вратила со бебето и му го предала на болничкиот персонал. Таа е приведена и е под истрага поради сомнение за киднапирање, а Билд пишува дека жената наводно неодамна имала спонтан абортус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.