Авион „Boеing 737-9 Max“ на „Алјаска ерлајнс“ вчера принудно слетал во американската држава Орегон откако му испаднале еден прозорец и дел од трупот на височина од 5.000 метри, набргу по полетувањето.
Авиокомпанијата објави дека авионот со 174 патници и шест члена на екипажот слетал безбедно, пренесува Бета.
Се случи инцидент на летот на авиокомпаниите на Алјаска ерлајнс 1282 од Портланд во федералната држава Орегон до Онтарио во Калифорнија набргу по полетувањето, се наведува во соопштението од компанијата.
Авионот бил вратен кога се подигнал на 4.876 метри, шест минути по полетувањето.
Еден патник испратил снимка до локална телевизија на која е прикажана огромна дупка од страната на авионот кај патничките седишта.
Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека авионот слетал безбедно откако екипажот пријавил проблеми со притисокот. Започната е истрага за инцидентот.
Авионот „Boеing 737-9 Max“ бил произведен и добил сертификат пред само два месеца, според податоците на ФАА.
Компанијата Боинг соопшти дека е запозната со инцидентот, собира информации и е подготвена да даде поддршка во истрагата.
Макс е најновата верзија на Боинговите авиони 737 авиони со два мотора, кои често се користат на домашните авиолинии во САД. Во функција е од 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.