Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приклучи на социјалната мрежа за кратки видеа ТикТок, што е во сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance и која тој се обиде да ја забрани додека беше претседател на САД.
Политико, кој прв ја објави веста, соопшти дека Трамп првото видео го објавил синоќа на овој свој нов профил. Во видеото, Трамп ги поздравува фановите на борбата за Ultimate Fighting Championship во Њуарк, Њу Џерси.
До осум часот утринава ( 10 часот по средноевропско време) профилот со адреса @realdonaldtrump собра повеќе од 450.000 следбеници.
ByteDance пред суд го оспорува американскиот закон што стапи на сила во април, според кој треба да го продаде ТикТок до следниот јануари или ќе се соочи со забрана.
Белата куќа соопшти дека не сака да го забрани ТикТок, но од причини за националната безбедност сака социјалната мрежа повеќе да не е во кинеска сопственост.
TикТок тврди дека нема да ги споделува податоците на американските корисници со кинеската Влада и дека презела значителни мерки за заштита на приватноста на своите корисници.
Во 2020 година судот го блокираше обидот на Трамп да го забрани ТикТок, додека тој беше претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.