Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година, вели во интервју за НОВА Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија (ЕК). Тој е во посета на Бугарија и денеска ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со вршителот на должноста премиер Галаб Донев и со министри.

Домбровскис изјави дека главната работа што кочи на патот кон еврозоната е инфлацијата. Бугарија требаше да го воведе еврото од почетокот на 2024 година, но пред неколку дена беше објавено дека не исполнува некои од критериумите, главно поради високата инфлација.

Критериумот за инфлација е предмет на евалуација од експерти од ЕК. Оваа оценка укажува дека критериумот не може да се покрие – рече Домбровскис.

Тој смета дека меѓу првите чекори за контрола на инфлацијата е скротувањето на цените на енергијата.

Според него, тоа е проблем не само за Бугарија, туку и за цела Европа.

Второ, тоа се мерките за поддршка на стопанството. Фискалната политика мора да биде стабилна, затоа мерките за поддршка мора да бидат привремени и насочени – прецизира Домбровскис.

На темата за корупција на високо ниво и санкциите Магнитски, Домбровскис изјави дека најважното нешто во борбата против корупцијата и перењето пари е националното законодавство, пренесе БТА.

Бугарија треба да донесе некои важни закони во борбата против перењето пари – додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.