Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри денеска предлог-законот со кој се гарантира амнестија за оние кои се вклучени во сепаратистичката кампања во североисточниот регион на Каталонија, објавија британските медиуми.
Амнестијата беше дел од договорот меѓу шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија и сепаратистичката партија Заедно за Каталонија за да му се дозволи на премиерот Педро Санчез да го продолжи мандатот на власт по изборите во јули 2023 година.
Предлог-законот, одобрен со 178 гласови „за“ и 172 „против“, ќе биде испратен до Сенатот на ратификација. Горниот дом под контрола на Народната партија би можел да го одложи конечното одобрување со отфрлање на законот, а потоа ќе биде вратен во Долниот дом на уште едно гласање, кое се очекува да се одржи во мај или јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.