Американскиот град Њујорк, со осум милиони жители, стана епицентар на мајмунски сипаници, а неговите жители, главно мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, побрзаа да се вакцинираат, формирајќи долги редици пред медицинските центри, пишува АФП. Во тој град во мај се појавија првите случаи на мајмунски сипаници, а на крајот на минатата недела се евидентирани 461 случај на оваа инфекција. На почетокот на минатата недела ги имало 223.

Секој може да се зарази со оваа болест, која се шири преку близок физички контакт, но вакцината Jynneos моментално е резервирана само за хомосексуалните мажи, кои го сочинуваат огромното мнозинство од заразените. ЛГБТК заедницата во Њујорк е загрижена дека дополнително ќе бидат стигматизирани поради вирусот.

Центарот за вакцинација, поставен во средно училиште во Бушвик, Бруклин, потсетува на редиците што се формираа за вакцината против Ковид-19. Мажите кои чекаа на ред едногласно потврдија дека имале среќа што воопшто успеале да закажат термин.

На веб-страницата во шест часот наутро имало известување за 9.200 бесплатни места и сите ги немало за само седум минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.