На валутните пазари во средата во претпладневното тргување благо порасна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,50 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,80 на 148,30 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0975 долари, додека во истиот период од вчерашното тргување изнесуваше 1,0980 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладево зајакна за 0,47 отсто, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 73,85 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.