На валутните пазари во претпладненото тргување благо порасна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо, по коментарите на челникот на амошната централна банка.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,15 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,02 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 160,95 на 161,50 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0815 долари, додека вчера во истото време беше 1,0830 долари.
Цените на нафтата, пак, паѓаат трет ден со ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,26 отсто, на 84,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 81,30 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.