Ново привремено примирје е прогласено во Мариупол со цел да се овозможи евакуација на цивилното население, откако вчерашното траело само половина час, според локалните власти. Примирјето ќе биде на сила од девет до 20 часот по македонско време, а извлекувањето на дел од 450.000 жители треба да почне во 11 часот.

Русија и Украина вчера првпат договорија да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од Мариупол и Волноваха. Тоа требаше да биде придружено од привремен прекин на огнот, при што беше кажано дека жителите на Мариупол имаат само пет часа за да го напуштат градот, по точно одредена маршрута кон северозападниот град Запорожје. Сепак, евакуацијата беше одложена, зашто, како што кажаа локалните власти, руските сили продолжиле да го бомбардираат градот. Владимир Путин, пак, ги обвини Украинците дека ја саботирале евакуацијата.

Мариупол веќе со денови е под опсада на руските сили и интензивно се гранатираше, при што беше предупредено дека му претстои хуманитарна катастрофа, бидејќи во градот нема вода, струја, греење, лекови и мобилни врски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.