Набргу по почетокот на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, почна да кружи видео на водачот на терористичката група Исмаил Хани во неговата канцеларија во катарската престолнина Доха.

Хани го следеше крвавиот напад на Ал Џезира и се молеше со група други претставници на Хамас.

Да потсетиме, во нападот на Хамас пред две недели беа убиени најмалку 1.300 Израелци, од кои 1.000 цивили. Хамас, според израелските власти, се уште држи како заложници 212 лица.

Хани на денот на нападот рече дека борбата против Израел се преселила во срцето на „ционистичкиот ентитет“. „Борбата се пресели во срцето на ционистичкиот ентитет“, рече тој во својот говор.

Тој им порача на пријателските арапски земји дека Израел не може да им обезбеди заштита. Во својот говор на телевизијата Ал Акса на Хамас, тој исто така рече дека вооружените палестински групи се обидуваат да ги шират борбите од Газа до Западниот Брег и Ерусалим. „Ние сме на прагот на голема победа“, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.