До крајот на оваа година се очекува дека Кина ќе има девет од 20-те најголеми пристаништа за контејнери во светот. Ваков е прогнозниот извештај објавен од Кинеската академија на науките (CAS).

Во прогнозата се вели дека меѓу 20-те најголеми пристаништа, пристаништето во Шангај ќе има најголем пропусен капацитет во 2022 година, при што се додава дека повеќето пристаништа за контејнери во Кина имаат зголемена побарувачка за транспортни услуги, вклучително и пристаништата Нингбо-Жоушан, во Кингдао и Тијанџин.

Многу фактори влијаат на транспортниот волумен на контејнерите. Во споредба со регресивната анализа и економетриските модели, истражувачите ги разгледаа глобалните пристаништа како целина, земајќи ја предвид глобалната економија, трговските ситуации и развојот на бродската индустрија – вели Ванг Шујанг, директор на Центарот за прогнозирање на науки при Кинеската академија на науките.

 

Иако глобалната индустрија за транспорт со контејнери забави во 2022 година, транспортот со контејнери во Кина останува основа за стабилен глобален развој – вели Ксие Ганг, професор на Кинеската академија на науките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.