Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, соопшти дека во Велика Британија пристигнала првата група украински војници кои ќе треба да поминат обука.
Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, објави „Гардијан“.
Во Велика Британија неодамна пристигна првата ротација на украински војници. Тие ќе посетуваат курсеви засновани на основна воена обука на Велика Британија. Тоа вклучува обука за пожар, прва помош на бојното поле, обука на терен, патролна тактика и запознавање со законите за вооружани конфликти – се наведува во соопштението на британското Министерство.
За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди почнување голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, пишуваат британски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.